Вие имате прво да ја знаете вистината

Украина усвои нов закон: на граничарите им се дозволува користење на воената опрема

Украинскиот парламент денеска усвои нацрт-закон со кој на граничарите им се дозволува да носат воена опрема и огнено оружје.

Во усвоениот закон се наведува дека на граничната полиција сега и се дозволени присилни мерки, како користење на сопствената физичка сила, огненото оружје и друго оружје, како и воената опрема, вклучително бродови и авиони.

Законот е усвоен поради зајакнувањето на присуството на руската армија на границата помеѓу Русија и Украина, како и поради мигрантската криза во Белорусија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!