Вие имате прво да ја знаете вистината

Вдовицата на Коби Брајант јасно кажа што мисли за големата промена во Лос Анџелес

Кошаркарскиот свет во среда доби потврда за една голема промена- култниот Стејплс Центар ќе го промени своето име на Божиќ во Crypto.com арена. После повеќе од 20 години… Тоа е потег кој е тежок 700 милионии долари(20 годишен договор), но и потег кој предизвика секакви реакции.

Многумина навивачи се разочарани од оваа промена. Некои од нив го изразија тоа на социјалните мрежи, а други дури го исмејуваа новото име. Во многубројните реакции беше вклучена и реакцијата на вдовицата на Коби Брајант, трагично починатата икона која својата цела кариера ја помина во дресот на ЛА Лејкерс.

-Ова место засекогаш ќе биде познато како Куќата што ја изгради Коби- напиша Ванеса Брајант на својата Инстаграм приказна.

Да додадеме дека и Пол Џорџ имаше интересна реакција на веста кој патем има пораснато во подрачјето на Лос Анџелес, а денес ги брани боите на ЛА Клиперс. Ќе биде чудно. Пораснав со името Стејплс и тоа е место заигра, место на кое треба да се биде. Дефинитивно ќе биде чудно. Истата локација но како да сте ја одземале историјата со промената на името- изјави Џорџ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!