Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѕвездите од хит песната Senorita ја прекина љубовната врска, и кажаа: Ќе останеме само пријатели

Ѕвездите на хит песната Сенорита, што не веруваме дека некој од вас ја нема барем еднаш до сега слушнато, пејачите Шон Мендес и Камила Кабело решија да стават точка на нивната љубовна врска.

Откако беа пријатели со години, пејачите Камила и Шон ја започнаа својата љубовна романса во јули 2019 година.

Веста за раскинувањето им беше соопштена на фановите преку социјалната мрежа Инстаграм.

Решивме да ја прекинеме врската. Нашата љубов еден кон друг е посилна од кога било. Почнавме како најдобри пријатели и сега ќе останеме такви. Благодарни сме на вашата поддршка од самиот почеток, напишаа на својте приказни на социјалната мрежа Инстаграм поранешните љубовници.

По долгогодишно пријателство, тие за прв пат се појавија во јавноста како пар на доделувањето на музичките награди на MTV каде ја изведоа и хит песната Сенорита.

За време на пандемијата, тие поминаа време заедно во карантин, а Шон тогаш изјави дека тоа ги зближило уште повеќе.

Иако се шпекулираше за веридбата, нивните фанови беа изненадени по објавата за раскинувањето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!