Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден привремено ја префрла функцијата претседател на потпретседателката Камала Харис

Американскиот претседател, Џо Бајден денеска (петок) привремено ќе ја префрли власта во рацете на потпретседателката Камала Харис, додека тој е на рутинска медицинска контрола, пренесува CNN.

Оваа информација ја изјави на новинарите и портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки .

Потпретседателката за времето додека е отсутен претседателот Џо Бајден, ќе работи на неговата функција од нејзината канцеларија во Западното крило во Белата куќа, изјави Псаки.

Претседателот на САД, Џо Бајден пристигна во Медицинскиот центар Волтер Рид, денеска наутро за да подложи на рутински годишен преглед што е негов прв преглед додека е на функцијата како најстар претседател во неговиот прв мандат во историјата на Соединетите Американски Држави.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!