Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден: САД размислуваат за дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг

Претседателот на Соединетите Држави Џозеф Бајден денес изјави дека неговата земја размислува за дипломатски бојкот на Зимските Олимписки игри закажани за февруари во Пекинг во знак на протест против кршењето на човековите права во Кина.

Тоа е нешто за што размислуваме, им рече Бајден на новинарите.

Бојкотот би значел дека на Игрите одат само американски спортисти, но не и официјални претставници кои ја претставуваат земјата.

Неколку членови на Републиканската партија во САД го повикаа Бајден земјата целосно да ги бојкотира Игрите и да не одат ниту официјални лица ниту спортисти во Пекинг. Тие ја осудуваат репресијата на Ујгурите, муслиманската заедница во провинцијата Ксинџијанг, репресија која американската влада ја опишува како „геноцид“.

Сепак, многу претставници на двата дома на Конгресот, вклучително и претседателот на Претставничкиот дом, член на Демократската партија, Ненси Пелоси и републиканскиот сенатор Мит Ромни, се залагаат за дипломатски бојкот.

Кинеските власти изразија незадоволство во мај, кога Ненси Пелоси ја спомена таа можност.

„Вашингтон пост“ неодамна објави дека Белата куќа треба да објави одлука за дипломатски бојкот до крајот на ноември.

Советниците на Бајден ја препорачаа и таа опција, додава весникот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!