Американскиот претседател, Џо Бајден ќе изврши медицински преглед во петок наутро, ден пред неговиот 79-ти роденден, објави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Бајден ќе има рутински годишен преглед во болницата Волтер Рид во Мериленд, додаде таа.
Американскиот претседател потоа ќе се врати во Белата куќа, а подоцна во петок повторно ќе се врати на своите претседателски должности, а во петок исто така е вклучено и традиционалното помилување на две мисирки по повод Денот на благодарноста следната недела.
Потоа тој ќе отпатува на викенд во Делавер, државата во која тој порасна и која ја претставуваше во Конгресот многу години.
Како 78-годишник Бајден стана најстариот американски претседател во историјата. Иако се уште е само на ниво на шпекулација за тоа дали ќе се кандидира повторно во 2024 година, тој вели дека очекува да дбоие втор мандат.