Вие имате прво да ја знаете вистината

Белорусија официјално ја информираше Полска: повеќе нема мигранти на границата

Белоруските граничари ја информирале полската страна дека нема повеќе мигранти во близина на пунктот Кузница и дека сакаат да продолжат со работа, се вели во соопштението на полската гранична стража.

Претседателот на Државниот граничен комитет на Република Белорусија, генерал Анатолиј Лапо, одговори на вчерашното писмо со предупредување за затворање на железничкиот премин во Кузница. Белоруската страна сака да го обнови сообраќајот на граничниот премин Брузги-Кузница. Истовремено, белоруската страна наведува дека таму нема повеќе лица кои би можеле да претставуваат закана за полските служби, се наведува во соопштението.

Граничниот премин Кузница беше затворен пред десетина дена на иницијатива на полска страна поради мигрантската криза. Во негова близина беа собрани голем број мигранти кои се обидуваа да ја нападнат територијата на Полска. Полска во четвртокот и постави ултиматум на Белорусија, ветувајќи дека ќе го затвори железничкиот премин во Кузница, доколку ситуацијата се подобри до 21 ноември.

Мигрантската криза на границата на Белорусија со Летонија, Литванија и Полска, каде што мигрантите се упатуваат од почетокот на годинава, се засили на 8ми ноември. Неколку илјади мигранти стигнаа до белоруско-полската граница и не ја напуштаа граничната зона. Некои од нив се обидуваа да влезат во Полска кршејќи ја оградата од бодликава жица. 

Земјите од Европската унија го обвинуваат Минск за намерно ескалирање на кризата и повикуваат на санкции. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко смета дека за ваквата состојба се виновни самите западни земји поради чии постапки луѓето бегаат од војната која ја создаваат во нивните татковини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!