Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс со нова прогноза: Тој кажа кога смртноста од корона ќе се изедначи со стапката на умрени од сезонски грип

Според последните податоци, повеќе од 5,1 милиони луѓе во светот починале како резултат на корона инфекција, додека повеќе од 258 милиони луѓе се заразени

Милијардерот Бил Гејтс тврди дека до средината на следната година, Ковид 19 ќе предизвика помалку смртни случаи од обичниот грип.

Со помош на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцина против вирусот корона, а благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да падне, рече Гејтс за Блумберг.

Тој нагласи дека пресврт треба да се случи летото 2022 година.

Гејтс смета дека прашањето за снабдување со вакцини ќе биде решено до средината на следната година, а со развојот на пилулата против корона, сите пациенти ќе добијат навремена терапија откако ќе се утврди присуството на вирусот.

Значи, со природен имунитет, имунитет преку вакцини и тие апчиња, можеме да го зголемиме бројот на антитела како што досега не сме можеле, а стапката на смртност ќе падне под нивото на смртност предизвикана од сезонски грип до летото следната година. Економската активност до тогаш треба да се врати со полн капацитет, рече Гејтс.

Според последните податоци, повеќе од 5,1 милиони луѓе во светот починале како последица на корона инфекција, додека повеќе од 258 милиони луѓе се заразени, објави Б92.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!