Пејачката Бритни Спирс (39) на социјалните мрежи сними видео во кое раскажува што може да направи сега кога старателството заврши и дека е срамота воопшто да се зборува за се тоа низ што поминувала. Таа најави и големо интервју со Опра Винфри (67) во кое на целиот свет ќе ги открие сите ужаси на „притворот“.
Многу ми е непријатно да кажам дека никогаш не сум видела пари во последно време или дека не сум возела автомобил. Се будам секој ден и се прашувам како моето семејство можеше да ми го направи сето ова – изјави таа со искрено видео на нејзинот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа објасни што планира да прави во иднина:
Во „притвор“ сум 13 години, помина многу долго време кога се наоѓате во ситуација во која не сакате да бидете. Искрено сум благодарна за секој ден и среќена сум со малку работи како поседување клучеви од автомобил или купување свеќи. Тие мали нешта за нас жените прават огромна разлика, – се изјасни таа во видеото
Бритни истакна дека не сакала да биде жртва, бидејќи целото детство живеела со жртвите и затоа го напуштила домот и работела 20 години:
Тука сум да бидам застапник на лицата со реален инвалидитет и реални болести, не можам ни да замислам што им направи системот на овие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае и ќе направи некои промени во корумпираниот систем – заклучи таа.
Таа им се заблагодари на фановите кои ја поддржаа преку движењето #freebritney.