Вие имате прво да ја знаете вистината

Детали за нападот врз Чедомир Јовановиќ: Му викале „Ти ја продаде Србија“ и му го искршиле автомобилот

Либерално-демократската партија (ЛДП) на Србија соопшти дека синоќа на аеродромот Никола Тесла во Белград се случил инцидент кога непознати лица го искршиле автомобилот на претседателот на ЛДП Чедомир Јовановиќ пред влезот во аеродромската зграда и го навредувале.

Како што се дознава, лидерот на ЛДП го паркирал автомобилот пред аеродром, отишол да го чека синот кој дошол од Велика Британија поради семејната прослава на Аранѓеловдан што се празнува во недела, за сите традиционално да одат заедно во црква.

Извор запознаен со настанот понатаму наведува дека група непознати млади момчиња му дофрлале и навредувале Јовановиќ со зборовите: „Ја продаде Србија“ додека тој се приближуваше до автомобилот.

Дури потоа Јовановиќ видел дека се извадени регистарските таблички на автомобилот, дека бришачите се искршени, а вратата разлупана.

Две полициски екипи направија истрага, а целиот дел на аеродромот е под видео надзор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!