Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОАЃА РЕДОК НЕБЕСКИ ФЕНОМЕН: Најдолгото затемнување на Месечината во последните 500 години! (видео)

Врвот на делумното затемнување на Месечината ќе биде во часовите во петок пред изгревањето на сонцето, кога 97 отсто од нашиот сателит ќе биде покриен со земјината сенка

Претходното најдолго затемнување на Месечината се случи во 2018 година и траеше нешто помалку од два часа, додека затемнувањето во петок ќе трае неколку часа, пишува RT.

Затемнувањето ќе биде видливо од сите држави на САД, Канада, Мексико, како и од делови од Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, соопшти НАСА. Затемнувањето ќе биде целосно или делумно видливо од северните делови на Европа, а нешто пократко од западните делови на нашиот континент.

За време на затемнувањето, Месечината ќе биде на најоддалечената точка од Земјата, што ќе ја забави нејзината орбита, така што затемнувањето ќе трае долго, бидејќи ќе треба многу време да излезе од Земјината сенка, бидејќи Месечината , Земјата и Сонцето ќе бидат порамнети.

Затемнувањето на Месечината, за разлика од затемнувањето на Сонцето, може да се набљудува без посебна заштита на очите.

Следното затемнување на Месечината е најавено за мај 2022 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!