Вие имате прво да ја знаете вистината

Два руски бомбардери летаа десет часа над Аљаска

Два руски стратешки бомбардери TU-95 извршија планирани десетчасовни летови над неутралните води кај Аљаска, соопшти руското Министерство за одбрана еден ден откако претседателот на Русија, Владимир Путин се пожали на западните авиони во близина на рускиот воздушен простор.

Путин изјави дека западните бомбардери носат многу сериозно оружје додека летаат на растојание од 20 километри од руската граница. Во истиот говор тој додаде дека Западот не ги сфаќа руските предупредувања доволно сериозно за да не ги прекрши црвените линии. 

Два ракетни носачи со долг дострел TU-95МС го извршија планираниот лет во воздушниот простор над неутралните води на Беринговиот Теснец, Чукчиското Море и Охотското Море, се вели во соопштението на руското Министерство.

Веќе лошите односи помеѓу Вашингтон и Москва се влошија во последните неколку недели бидејќи САД ја обвинуваат Русија за заканувачки однесување кон Украина, а Русија се жали на, како што ги нарекува, провокативните маневри на американските воени бродови во Црното Море.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!