Вие имате прво да ја знаете вистината

Економист: Пет трендови на кој што ќе ставиме голем акцент следната година!

Ако 2021 година беше година во која светот се сврте против пандемијата, во 2022 година ќе доминира потребата светот да се прилагоди на новата реалност, како во областите преобликувани од кризата (новиот начин на работа, иднината на патувањето) така и во подлабоките трендови (Подемот на Кина, проблемот со климатските промени).

Ова се пет теми и трендови што треба да се следат во годината што претстои, според Економист.

Демократија против автократија

Среднорочните избори во САД како и Конгресот на Комунистичката партија на Кина, јасно ќе се спортиват на нивните ривалски политички системи. Што до некаде е и подобро во обезбедувањето стабилност, раст и иновации. Ова ривалство ќе се одвива во сè, од трговија до техничко регулирање, од вакцинации до вселенски станици. Додека претседателот Џо Бајден се обидува да го собере слободниот свет под знамето на демократијата, неговата нефункционална администрација, ја поделува неговата земја, а тоа има значително лош публицитет.

Загриженост за инфлацијата

Прекините во синџирот на снабдувањето, како и зголемената побарувачка за енергија поттикнаа зголемување и на цените на истата. Централните банкари кажуваат дека тоа е привремено, но не сите им веруваат. Велика Британија е особено изложена на ризик, поради недостигот на работна сила по Брегзитот како и нејзината зависност од природниот гас.

Иднината на работата

Постои широк консензус дека иднината е „хибридна“ и дека повеќе луѓе ќе ги поминуваат деновите работејќи од дома. Но, постои голем простор за несогласување околу деталите. Колку дена, и кои ? И дали ќе биде фер ? Истражувањата покажуваат дека жените се со помала веројатност да се вратат во канцеларија, па може да ризикуваат да бидат заобиколени во унапредувањето. Се водат и дебати за даночните правила и надзорот на работниците од далечина.

Од пандемија до ендемичен вирус

Доаѓаат нови антивирусни апчиња, подобрени третмани со антитела и повеќе вакцини. За вакцинираните луѓе во развиениот свет, вирусот повеќе нема да биде опасен по живот. Но, ќе продолжи да претставува смртоносна закана за светот во развој. Доколку не може да се засили вакцинацијата, Ковид-19 ќе стане само уште една од многуте ендемични болести кои ги погодуваат сиромашните, но не и богатите.

Длабока технологија

Регулаторите во Америка и Европа со години се обидуваат да ги „задушат“ ​​технолошките гиганти, но тие сè уште не го нарушиле нивниот раст или профит. Сега кога Кина го презеде водството, насочувајќи ги своите технолошки фирми на брутална пресметка. Претседателот Џинпинг сака да се фокусира на длабока технологија која обезбедува геостратешка предност, наместо на несериозности како игри и пазарење. Но, дали ќе ги поттикне кинеските иновации или ќе ја задуши динамиката на индустријата во таа држава ?

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!