Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција ја промени бојата на знамето, но никој не забележа !?

Бојата на француското знаме е променета, а до неодамна тоа никој не го забележа. Промената се случи со одлука на претседателот Емануел Макрон, и беше објаснето зошто е тоа направено.

Пред Елисејската палата, каде што се наоѓа претседателската канцеларија, истакнато е знаме на кое сега сината боја е потемна, односно таква нијанса на сино беше и на знамето веднаш по Француската граѓанска револуција.

Кабинетот на претседателот соопшти дека промената се случила во јули минатата година, но дека досега никој не ја забележал. Француската морнарица ја задржа сината боја од 18 век. Посветлата нијанса на оваа боја почна да се користи во 70-тите години на минатиот век.

Според властите, темно сината боја е поелегантна и поповрзана со Граѓанската односно буржоаска револуција. Сепак, некои имаат различни теории за тоа зошто бојата се променила. Со оглед на тоа што ново-старата нијанса повеќе се разликува од сината боја на знамето на Европската унија, некои се на мислење дека оваа промена јасно ја нагласува разликата помеѓу Франција и Европската унија. Но, властите уверуваат дека не се работи за „војна на бои“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!