Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем луксуз ги чека нашите фудбалери ако одат во Катар: Стадионите се како вселенски бродови, Мундијалот од соништата може да почне

Познатиот фудбалски тренер, Бора Милутиновиќ открива што ги чека нашите фудбалери на Мундијалот во Катар ако успеат да победат во баражот.

Бора Милутиновиќ тврди дека Катар е веќе подготвен за Мундијалот. Познатиот српски стручњак вели дека Мундијалот веќе може да започне бидејќи домаќините се потрудиле се да стават во ред.

Натпреварите на Светското првенство ќе се играат на осум луксузни стадиони кои ќе ги носат имињата: Ал Бајт, Калифа Интернационал, Ал Тумама, Ахмад Бин Али, Лусаил, Рас Абу Абуд, Едукациски Сити и Ал Џануб.

Посебен предмет се модерните стадиони, најновото чудо на градежната техника.

Катар одамна е подготвен да ги угости најдобрите светски фудбалери! И тоа го тврдам одговорно, бидејќи сум бил на многу светски првенства, насекаде низ светот. Светското првенство во Катар ќе биде остварување на сонот! Играчите ги очекуваат идеални услови и за нив и за навивачите. Стадионите се ултра модерни, дизајнирани од најдобрите светски архитекти. Ќе бидат целосно затворени, секој од нив ќе има системи за ладење и нормална температура – опишува Милутиновиќ.

Бора веќе неколку години живее во Катар. Таму работи како промотор и амбасадор на Светското првенство.

Мене тие стадиони во Катар ми личат на вселенски бродови. Ќе уживаат и навивачите. Катар е мала земја, а најголемото растојание меѓу двата стадиони е 50 километри, па навивачите ќе можат да гледаат два или три натпревари во еден ден. Отворени се линиите на метрото, нови патишта, а меѓу некои стадиони ќе се користи и воден транспорт, изјави Велибор Бора Милутиновиќ.

Светското првенство во фудбал започнува следната година и ќе трае од 21 ноември до 18 декември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!