Вие имате прво да ја знаете вистината

Кое е новото момче на Ким Кардашијан ? Тој е познат по врските со успешни, помоќни и поубави јавни личности

Откако се разведе од познатиот Американски рапер Канје Вест, името на Ким Кардашијан не се поврзува со ниту еден друг маж. Но тоа се промени пред неколку недели, кога за прв пат почнаа да се шират гласини, кои во меѓувреме се потврдија, дека 41-годишната ѕвезда е во врска со Пит Дејвидсон.

Стендап комичарот, освен по настапите во SNL, првенствено е познат и по тоа што често се забавува и дружи со поубави, побогати и поуспешни од него. Како тоа го прави тој ?

Пит Дејвидсон е роден во Њујорк на 16 ноември 1993 година, син е на пожарникар и училишна медицинска сестра родени во Ирска. Неговиот татко бил еден од дежурните пожарникари за време на терористичките напади на 11 септември, при што го загубил животот оставајќи го својот 7-годишен син сам со својата мајка. Трагедијата, која тешко го погоди младиот Дејвидсон, имаше трајно влијание врз неговиот живот, па тој призна дека се уште се бори со анксиозност и повремена депресија.

https://www.instagram.com/p/CWZ8_FHot-r/?utm_source=ig_web_copy_link

Пит е постојан член на тимот на Saturday Night Live, а покрај емисиите и настапите на каналот Comedy Central, доби и неколку улоги во познати филмови, од кои најпозната улога му е во Suicide Squad. Со оглед на тоа дека SNL секоја недела има нови гости, а поради ангажманот на Пит во други проекти, не е чудно што тој имал можност да ги запознае сите овие убавици, но како успева тој да ги заведе ?

https://www.instagram.com/p/CVR0loNIfVL/?utm_source=ig_web_copy_link

Првата позната девојка што ја имаше Дејвидсон беше мега ѕвездата Аријана Гранде. Во исто време тоа беше неговата најсериозна врска бидејќи парот се вери. Сепак, веридбата траеше кратко, пејачката раскина, по што комичарот долго и доста отворено и јавно копнееше по неа. Потоа тој беше забележан со Кејли Куоко од The Big Bang Theory, потоа со Кејт Бекинсејл, потоа со Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд и на крајот со британската актерка и ѕвезда на серијата Бриџертон – Фиби Диневор.

Освен ако не е јавна измама, доказите зборуваат во прилог на тоа дека сега се дружи и забавува со најголемата ѕвезда во Америка – Ким Кардашијан. За време на епизодата на SNL падна првиот бакнеж помеѓу Пит и Ким. Тие подготвија комична верзија на Аладин и Јасмин на летечкиот тепих и на крајот се бакнаа.

https://www.instagram.com/p/CU1edbVgjyT/?utm_source=ig_web_copy_link

По тој момент медиумите објавија за потенцијални подлабоки врски помеѓу нив двајца, а набрзо им го дадоа епитетот дека се во врска. Тие беа „фатени“ минатата недела за време на состанок во застрашувачката фарма на Нот, забавниот парк за Ноќта на вештерките во Калифорнија. Таму тие тргнале заедно на возот на смртта и додека се спуштале се фатиле за раце.

TMZ потоа објави за наводни нивни повеќе средби. Претходно оваа недела, тие беа забележани како одат во ресторан за пица и тестенини во родниот град на Дејвидсон,Њујорк. Следната вечер тие имаа групна средба во Zero Bond исто така во ресторан во Њујорк.

Не знаеме колку долго ќе трае оваа врска, но предизвика бурни реакции на интернет. Некои се прашуваат дали кралицата Елизабета е следната девојка на Пит, а додека други се грижат како сето тоа ќе влијае на Канје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!