Вие имате прво да ја знаете вистината

Лукашенко: Апсолутно е можно белоруските сили да им помогнале на мигрантите да влезат во Полска, бидејќи ние сме Словени и имаме срце

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави дека е апсолутно можно неговите воени сили да им помогнат на мигрантите да преминат во Полска, но тој негираше дека мигрантите биле поканети за помош, пренесува BBC.

Мислам дека тоа е апсолутно можно. Ние сме Словени. Ние имаме срца. Нашите војници знаат дека мигрантите одат во Германија, изјави Лукашенко во интервју за BBC.

Можеби некој им помогнал но нема да се занимавам со тоа – додаде тој.

Но, Лукашенко ги негираше тврдењата дека повикал илјадници луѓе да предизвикаат гранична криза.

Им кажав дека нема да држам мигранти на граница, а ако продолжат да доаѓаат, нема да ги спречам, бидејќи тие не доаѓаат во мојата земја, туку сакаат да влезат во вашата земја – изјави Лукашенко за британски BBC.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!