Вие имате прво да ја знаете вистината

Малкумина веруваа дека ќе успеат: Мајкл Даглас со емотивно видео и ја честиташе 21-годишнината од бракот на Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас и честиташе на својата убава сопруга, велшката актерка Кетрин Зета-Џонс, 21-годишнината од бракот, објавувајќи видео на нејзиниот Инстаграм профил во кое има компилација од заеднички фотографии.

Како дел од видеото напиша и емотивна порака која ги разнежни сите негови следбеници.

“Среќна годишнина за тебе, драга моја Кетрин! Те сакам многу.”

Покрај фотографиите од првиот свадбен танц, видеото вклучува и вообичаени фотки на голф, скијање и разни туристички дестинации.

Видеото ја следи песната „Најдобар ден од мојот живот“.

https://www.instagram.com/p/CWaB2D6g-oM/?utm_source=ig_embed&ig_rid=8cb1ec75-cbf3-4d45-a78e-899d9dd5296a

Да потсетиме, холивудскиот пар се запозна во 1998 година, на филмскиот фестивал во Довил, со тоа што ги поврза заеднички пријател и колега, Дени де Вито.

Иако денес е се поочигледна големата разлика во години (Мајкл е 25 години постар од Кетрин), тоа никогаш не им било проблем.

Љубовната приказна на славниот пар на многу начини потсетува на романтична комедија, а се започна со неврзан муабет.

Се покажа дека делат слични интереси и дека има многу работи кои ги поврзуваат. Мајкл Даглас се уште добро се сеќава на ноќта кога ја запознал својата идна сопруга:

“Ноќта кога ја запознав, дознав дека сме родени во ист ден. Откако ми го кажа тоа и откри дека сака голф, и реков дека ќе бидам татко на нејзините деца. Таа ми посака добра ноќ” исјави познатиот актер за странските медиуми.

https://www.instagram.com/p/CBspuYzH_tG/?utm_source=ig_embed&ig_rid=208eb179-6bec-403d-886f-2e02bc295435

Како рецепт за успешен брак, Мајкл секогаш го споменувал меѓусебното почитување и разговорот за проблемите.

“Понекогаш вложуваме повеќе труд во односите со странци отколку со најблиските. Секогаш се трудам да се сетам колку сум среќен што сум со жена како неа. Исто така, научив колку е важно да се зборува за проблемите. Квалитет разговорот прави чуда за бракот“, рече еднаш актерот.

Во 2000 година, свадбата на годината се одржа во хотелот Плаза во Њујорк, а 18 ноември ќе остане засекогаш нивниот среќен ден кога се заколнаа на вечна љубов.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!