Вие имате прво да ја знаете вистината

Меркел и Столтенберг на разговори во Берлин, тема – Белорусија и Русија

Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел денеска (петок) се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во германската престолнина Берлин.

Германската канцеларка и генералниот секретар на НАТО водат разговори во германската престолнина на кои приоритетни теми се Белорусија и зајакнувањето на руската армија на украинската граница.

Пред разговорите и заедничката прес-конференција, Столтенберг одржа воведен говор на годишната Конференција на НАТО чиј домаќин е Федералната академија за безбедносна политика и Канцеларијата за информации на германската влада.

Прекрасно е што повторно доаѓам во Берлин и со нетрпение очекувам да учествувам во оваа размена и да разговараме за важни безбедносни предизвици за Северноатлантската алијанса. Германија е високо ценет сојузник во НАТО, изјави Столтенберг пред неговиот говор.

Тој додаде дека сите сме сведоци на тешка ситуација на границата помеѓу Белорусија и Полска.

НАТО се солидаризира со нашиот сојузник Полска и другите сојузници кои сега се во тешка ситуација како Литванија и Летонија – додаде тој.

Се очекува Меркел и Столтенберг да се фокусираат на ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница, како и на зајакнувањето на руското воено присуство во близина на границата со Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!