Вие имате прво да ја знаете вистината

Мицотакис најави нови правила за невакцинираните: Ова се мерките кои ќе важат од следната недела во Грција

Невакцинираните граѓани од понеделник, 22 ноември нема да можат да влезат во сите затворени простори, вклучително и кина, музеи и спортски сали, рече Микотакис во телевизиско обраќање до нацијата, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Премиерот на Грција рече дека неговиот план е оваа година Грција да има подобар Божиќ од лани.

Грчката влада од следната недела ќе воведе нови ограничувања за оние кои не биле вакцинирани против Ковид 19 , изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по наглото зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во последните недели.

Невакцинираните граѓани од понеделник, 22 ноември нема да можат да влезат во сите затворени простори, вклучително и кина, музеи и спортски сали, рече Мицотакис во телевизиско обраќање до нацијата, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Мицотакис изјавил дека неговиот план бил оваа година Грција да има подобар Божиќ од лани, пренесува Танјуг.

Новите мерки значат дека невакцинираните возрасни повеќе нема да можат да влегуваат во затворени простори со негативен резултат на тестот за ковид.

Тој рече и дека потврдата за вакцинација за вакцинирани лица постари од 60 години ќе престане да важи седум месеци по примањето на вакцината .

Така, оваа возрасна група ќе добие еден месец да ја прими третата доза од вакцината.

Мицотакис рече и дека невакцинираните верници треба да имаат негативен лабораториски тест, на што веќе повика Синодот на Грчката православна црква.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!