Вие имате прво да ја знаете вистината

Моќна функција за Медлин Олбрајт: Поранешниот државен секретар на САД со важна улога во Пентагон

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ( 84) положи заклетва како нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД, соопшти Пентагон.

Овој развој на настаните доаѓа речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ја отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет.

Олбрајт е првата претседателка на одборот откако министерот за одбрана Лојд Остин започна ревизија на советодавните комитети на Пентагон претходно оваа година.

Под раководство на министерот Остин, Одделот се прилагодува на променливата природа на војувањето и работи на тоа да остане пред сите потенцијални противници, се наведува во изјавата на Олбрајт.

На почетокот на февруари, Остин отпушти стотици членови на 42 одбори и комитети, вклучувајќи, според Си-Ен-Ен, контроверзни членови назначени за време на администрацијата на Трамп.

По поразот на изборите во 2020 година, Трамп исфрли некои долгогодишни експерти за надворешна политика и национална безбедност од одборот, вклучително и Олбрајт, поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер и други.

Засега Олбрајт е единствениот член на Комитетот за одбранбена политика, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за одбрана.

Комитетот за одбранбена политика е надворешна советодавна група составена од поранешни високи функционери за национална безбедност кои „на министерот за одбрана и заменик министерот за одбрана му даваат независни совети и мислења за прашањата на одбранбената политика како одговор на конкретни задачи на министерот за одбрана и заменик министерот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!