Вие имате прво да ја знаете вистината

Не престанува падот на турската валута, еден долар вреди 10,5 лири, Ердоган менува гувернери “како чорапи”

Продолжува падот на вредноста на турската лира – еден долар е повеќе од 10 лири. Турскот претседател Реџеп Таип Ердоган не се откажува од намалување на каматната стапка и е уверен дека тоа е начинот за запирање на падот на вредноста на валутата.

На 16 ноември, Ердоган при своето обраќање пред парламентарците изјави дека ќе продолжи да се бори за намалување на каматната стапка. Според американскиот портал Блумберг, надлежните органи ја намалувале стапката под негов притисок, што последователно резултирало со пад на вредноста на лирата.

Јас и оние кои ја бранат каматната стапка не можеме да бидеме на истиот пат. Заедно со граѓаните ќе го отстраниме товарот од каматната стапка-порача турскиот претседател, повторувајќи дека високите трошоци од задолжувањата се главната причина за инфлацијата.

Одговарајќи на обвинувањата дека врши интензивен политички притисок врз работата на Централната банка, Ердоган рече дека оваа финансиска институција носи независни одлуки. Меѓутоа, како што наведува Блумберг, неколкумина вработени во банката останале без работа поради непочитувањето на неговите одлуки. Сахап Кавчиоглу е четвртиот гувернер на Централната банка од 2019 година наваму.

Еден долар сега вреди повеќе од 10,5 лири, а падот на вредноста на валутата продолжи и после обраќањето на Ердоган пред парламентарците.

Неговата владеачка Партија на правдата и развојот (ППР) со години успехот го темелеше на големиот економски раст, за кој пак Блумберг истакна дека истиот бил врз основа на намалувањето на трошоците на кредитирање. Поддршката за Партијата на правдата и развојот започна да опаѓа поради економските проблеми предизвикани со пандемијата на коронавирусот.

.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!