Вие имате прво да ја знаете вистината

Немојте да пиете кафе на празен стомак, ова е една од лошите навики кој ги правеме често

На телото му треба одредено време да се разбуди и да почне и да почне со активностите по будењето, што значи дека некои работи не треба да се прават веднаш по спиењето, тврди Миријам Стопард, позната англиска докторка, ТВ водителка и колумнистка. Како што таа советува, не треба да вежбаме веднаш по будењето, бидејќи телото е дехидрирано и нашето ткиво нема да се растегнува правилно.

Мускулите се вкочанети, а интервертебралните дискови не се доволно опуштени, па ако не внимавате може да се повредите. Исто така сокот од портокал е на листата на непожелни дејства по будењето, бидејќи, како што вели др. Стопард, прави повеќе штета отколку корист.

Имено, само го преоптоварува метаболизмот и го крева нивото на шеќер во крвта. Тоа е затоа што метаболизмот, кој го регулира инсулинот, сè уште не е целосно функционален по будењето. Таа советува и избегнување на кафе, бидејќи шолја од овој напиток на празен стомак всушност ја намалува способноста на метаболизмот да го контролира шеќерот во крвта, но дава и чувство на ситост поради што не внесуваме доволно хранливи материи за појадок.

Истражувачите од Универзитетот во Бат веруваат дека оваа нова информација за кафето може да укаже на долгорочни здравствени последици. Имено, тие во истражувањето откриле дека овој црн пијалок кога се пие пред појадок ја намалува контролата на шеќерот во крвта за околу 50 отсто. Затоа, важно е, предупредуваат истражувачите, секогаш да јадете нешто пред да конзумирате кафе. Др. Стопард препорачува тоа да биде мал, но хранлив појадок, како овесна каша, јогурт или тост со авокадо.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!