Вие имате прво да ја знаете вистината

Неверојатно: река во која тече алкохол !? Феномен на Хаваиските острови го привлече вниманието на светот

На еден од хавајските острови е откриена река во која буквално тече вода која многу асоцира на пијалок кој испушта силен мирис на пиво.

Овие води очигледно биле загадени со алкохол по истекување од еден магацин за пијалоци.

Малата река со карактеристичен мирис на алкохол неодамна е откриена на островот Оахо, кој е оддалечен 24 километри од Хонолулу, главниот град на Хаваите.

Нејзините води се очигледно загадени со алкохол по истекување во складиште за пијалоци во непосредна близина на реката. Овој феномен го привлече вниманието на локалните еколошки активисти, кои го забележаа мирисот.

Кога би дошле овде, би помислиле дека тоа е некој паб кој не ги отворил вратите веќе три или четири дена па создава таква миризба – изјавила активистката Керол Кокс за локалниот Hawaii News Science.

Медиумите за ова прашање стапија во контакт со Министерството за здравство.

Локалните медиуми земале примероци од необичниот поток и ги дале примероците на тестирање во приватна лабораторија. Тестот бил позитивен на алкохол, кој содржи 1,2 отсто од супстанците во нејзините води – речиси четвртина од содржината во обичното пиво и доволно силен за да предизвика пијаност кај човекот.

Се вклучија и локалните здравствени власти, па беше отворена истрага за изворот на контаминацијата. Се дозна дека потокот потекнувал од одводна цевка која била водена до складиштето на најголемиот дистрибутер на алкохолни пијалоци на Хаваи, Рајски пијалоци.

Претставниците на компанијата им рекоа на локалните медиуми да работат со официјалните лица за да се елиминира можното излевање од фабриката, при што реката алкохол очигледно ја „исклучи“ услугата за бесплатни пијалоци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!