Вие имате прво да ја знаете вистината

ОН му доставија документ на Маск, за тоа како да го реши гладот ​​во светот со 6 милијарди долари, се чека одговор од милијардерот

Директорот на Светската програма за храна на ОН, што преставува организација посветена на помагање на гладните луѓе во светот, го претстави планот од 6,6 милијарди долари за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со недостиг на храна.

Тоа беше одговор на јавната дебата која што ја имаа со Илон Маск, милијардер и сопственик на компанијата за електрични возила Тесла, чие богатство се проценува на 286 милијарди долари, кој кажа дека ќе донира шест милијарди во програмата на ОН доколку агенцијата може да опише како точно донацијата би можела да помогне и истата да функционира.

Дејвид Бисли, директор на агенцијата на ОН, и поранешен републикански гувернер на Јужна Каролина, во понеделникот објави на Твитер линк до документ од 1.000 зборови кој содржи резиме на планот за нахранување на гладните во светот. Сумата што ја спомена Маск би била потрошена за оброци и ваучери за храна за повеќе од 40 милиони луѓе во 43 земји во светот кои се на работ на гладување. Ова, како што напиша Бисли, ќе ја спречи претстојната катастрофа.

Документот опишува како 3,5 милијарди долари би биле потрошени за купување и дистрибуција на оброци и 2 милијарди долари за давање ваучери за храна, кои би ги вклучиле и трошоците за трансакцијата, а ваучерите ќе се делат во земјите каде што истите би можеле да работат. Уште 700 милиони ќе бидат потрошени за управување со нови програми специфични за земјата за да се осигура дека помошта ќе стигне до најранливите. А додека дополнителни 400 милиони долари ќе одат за управување со операции, администрација и сметководство и за координација на синџирот за снабдување.

Светот гори. Предупредувам на ситуација во која сите услови за катастрофа се поклопија, а тоа сега е можно поради пандемијата, конфликтот, климатските шокови и, на нов начин на живот. Катастрофата е тука, изјави Бисли, кој верува дека кризата со храна е акутна, без преседан, но може да се избегне.

Тој во објава го означи Маск, моментално најбогатиот човек на светот.

Баравте јасен план и отворени карти. Еве го. Подготвени сме да разговараме со вас – и со кој било друг – кој сериозно сака да спаси животи.

Маск се уште нема реагирано на ова, па агенцијата на ОН со нетрпение го чека одговорот. Нивната „дебата“ започна кога, во интервју за CNN, Бисли ги повика милијардерите да скокнат еднаш од нивните луксузи, именувајќи ги Маск и Џеф Безос, сопственикот на компанијата Амазон.

Тој тогаш изјави дека два отсто од богатството на Маск ќе го решат проблемот со гладот ​​во светот. Маск му одговори на Твитер: Ако Светската програма за храна може да опише на Твитер точно како шест милијарди долари би го решиле гладот ​​во светот, веднаш ќе ги продадам акциите на Тесла и ќе го сторам тоа. Но, тоа мора да биде отворен документ за јавноста да види како се трошат парите, стоеше во одговорот на Маск на неговиот Твитер профил.

Ниту тој, ниту Безос сè уште не одговориле на барањата за донации кој ги опиша ОН на социјалната мрежа Твитер. Портпаролката на Безос ги упати новинарите на другите негови добротворни донации, а одговорот на Маск, бидејќи тој јавно се вклучи во дебатата, сè уште се чека. Овој милијардер може да се пофали со многу добротворни донации, но, доколку се одлучи за оваа, тоа би било голем чекор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!