Вие имате прво да ја знаете вистината

Португалија размислува за нови мерки, а веќе немаат кого да вакцинираат. Премиерот смета дека треба веднаш да се реагира

Иако е една од највакцинираните земји во светот, Португалија размислува за нови ограничувања за да се спротистави на ширењето на ковид-19 и рекордниот број на новозаразени и хоспитализирани од почетокот на учебната година.

Треба да се одреди кои мерки се потребни за да не се постигне поголем скок на бројот на заболени-рече потпаролката на владата Мариана Виеира да Силва за локалните медиуми во Лисабон.

Немаме во превид драстични мерки како оние што претходно беа преземани бидејќи населението е позаштитено благодарејќи на високата стапка на вакцинираност- прецизираше Силва.

Претседателот Марсело Ребело де Соза оцени во вторникот дека е неизбежно да се бара задолжително носење маски надвор.

Таа мерка беше воведена во септември 2020, а укината на 13 октомври. Носењето на маски сепак се препорачува на собири и на места каде што е невозможно да се одржи растојание.

Нов рекорд на новозаразени

Во средата Португалија забележа нов рекорд со 2527 новозаразени за 24 часа и го прејде прагот од 500 хоспитализации, рекордни од почетокот на септември, според последните податоци објавени од здравствените власти.

Социјалистичкиот премиер Антонио Коста најави во вторникот дека е можно државата повторно да воведе некои мерки, особено околу празниците кон крајот на годината.

Треба веднаш да се реагира. Што покасно се реагира, толку повеќе се зголемува бројот на ризици, тој предупреди ама ја исклучи можноста за воведување на вонредна состојба која беше на сила шест месеци меѓу ноември и април.

Властите и понатаму ги повикуваат жителите постари од 65 години да се вакцинираат со трета доза. Повеќе од 86% на населението е потполно вакцинирано, па затоа од таа држава дојдоа вести за славење дека веќе немаат кого да вакцинираат.

Со 10 милиони жители, Португалија има повеќе од 1,1 милион случаи и 1828 мртви од почетокот на пандемијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!