Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа ќе биде најбогата разведена жена во државата, стави крај на бракот по 21 година, има повеќе пари од британската кралица?!

Поранешната мисица Кирсти Бертарели (50) по разводот од милијардерот стана најбогатата британска разведена жена, а кантавторката има повеќе пари дури и од кралицата Елизабета.

Имено, кантавторката и нејзиниот сопруг, милијардерот Ернесто се разведоа тајно по 21 година брак.

Ернесто и Кирсти Бертарели тажно потврдуваат дека се разведени, изјави нивниот пријател за Daily Mail.

Да потсетиме, Кристи и Ернесто имаат три деца. Таа се омажи за милионер во 2000 година, а парот води исклучително луксузен живот, патувајќи од едниот до другиот крај на светот, уживајќи во најлуксузните дестинации на светот.

Разводот беше договорен за летото следната година. Листата на најбогати луѓе на „Сандеј тајмс“ годинава ги смести на 14. место, а нивното богатство се проценува на 9,2. милијарди фунти – што е повисоко од БДП на многу земји како Бахамите или Ерменија.

Нивната одлука беше заедничка, се договорија да се разведат“, изјави нивниот пиар, а парот одби да зборува за сумата што ќе и биде исплатена на поранешната мис на Велика Британија. Како што неофицијално дознава „Дејли мејл“ се работи за спогодба во износ од 350 милиони фунти.

Тоа би ја направило најбогатата разведена жена во Велика Британија, а сега би била побогата и од самата кралица Елизабета Втора. По разводот таа ќе биде побогата од музичката ѕвезда Мик Џегер, за кого се тврди дека вреди 310 милиони фунти, Ед Ширан (220 милиони фунти) и Адел (140 милиони фунти).

Нејзин адвокат е Фиона Шекентон, која ги застапуваше принцот Чарлс и Пол Макартни за време на нивните парници за развод. Се претпоставува дека Кирсти Бертарели потпишала предбрачен договор пред да се омажи за Бертарели во 2000 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!