Вие имате прво да ја знаете вистината

Вака се уште не сте го наполниле својот мобилен телефон: само седнуваш на велосипед и тргнуваш (видео)

Чекањето да се преседне од еден воз во друг или од еден лет на друг, може да биде многу заморно. Нозете ви се кочат од седење, а телефонот се празни од сурфање од чиста досада. Поради тоа, во светот е се попопуларна идејата за велосипед станици кои може да се најдат на аеродромите, железничките и автобуските станици, како и во трговските центри.

Вртењето на педалите има двојна функција: да ги раздвижите уморните и вкочанети нозе и да го наполнете мобилниот телефон со помош на енергијата што ја создавате вртејќи ги педалите. Полнењето трае колку и вообичаеното полнење на мобилниот преку електричната мрежа. Важно е да го одржувате ритамот за да не се прекинува полнењето.

Ваквите направи може да се прикачат и на обичен велосипед, што е добар начин да се спојат престојот на свеж воздух и стекнувањето на кондиција возејки велосипед.

Неодамна, еден ваков уред е поставен на аеродромот во Истанбул,кој е важен сообраќаен центар од каде тргнуваат голем број на летови кон речиси сите светски дестинации, со чекање од по неколку часови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!