Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Холандија забранет новогодишниот огномет!

Новогодишната ноќ во Холандија и оваа година ќе биде ограничена, бидејќи Владата денеска донесе одлука за 31ви декември го забрани огнометот поради зголемениот број на заразени со коронавирусот.

Целта на забраната е да се спречи дополнително оптоварување на здравството, полицијата и итните служби, се вели во соопштението.

Минатата година за 70 отсто е намален бројот на лица кои морале да добијат лекарска помош поради повреди од огномет или други пиротехнички срества, соопштија од Владата на Холандија.

Холандските болници се веќе преоптоварени со пациенти заразени од Ковид-19.

Исто така, тие соопштија дека е подготвен и финансиски пакет за обештетувања за продавачите на огномет во државата.

Во Холандија огнометот се продава само во деновите пред новогодишната ноќ. Таа вечер граѓаните традиционално масовно излегуваат на улиците и организираат пукање на огномет околу полноќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!