Вие имате прво да ја знаете вистината

Загрижувачки вести: Во Бразил, уништувањето на шумите во Амазон е зголемено за 22 отсто

Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума порасна за 22 отсто за една година и го достигна највисокото ниво од 2006 година, се вели во годишниот извештај на бразилската влада објавен во четвртокот.

Бразилската агенција за вселенски истражувања ИНПЕ забележа 13.235 квадратни километри уништување на шумите во најголемата прашума во светот во своите сателитски податоци за време на официјалниот годишен период од август 2020 година до јули 2021 година, пренесува Ројтерс.

Зголемувањето беше забележано и покрај напорите на бразилскиот претседател Жаир Болсонар да покаже дека неговата влада сериозно ја сфаќа заштитата на животната средина, додека продолжува да повикува на проширување на рударството и земјоделството во заштитените делови на Амазон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!