Вие имате прво да ја знаете вистината

Англичаните го составија идеалниот тим од златната доба во Серија А, тимот изгледа страшно

Серија А без сомнение беше фудбалска НБА во 1990-тите. Тоа е реченица која веројатно сте ја слушнале премногу пати до сега, но не е само смела споредба со најголемата светска кошаркарска лига, туку и факт.

Во текот на 1990-тите италијанските клубови доминираа во европските натпреварувања, а најдобрите играчи во светот играа во клубовите од Серија А. Не само во гигантите Јувентус, Милан или Интер, страшни тимови во тој период беа Лацио, Парма, Сампдорија и многу други. 

Неодамна Фабио Канаваро изјави дека Серија А во 1990-тите била посилна од Премиер лигата денес и со тоа предизвика дебата на Островот. Поттикнати од оваа изјава, колегите од англискиот TalkSport го составија својот тим од најдобрите играчи во златното доба на Серија А.

Во тој тим место најдоа бројни светски фудбалски легенди. Чуварот на голот е Џанлуиџи Буфон, а одбраната ја држат Хавиер Занети, Алесандро Неста, Франко Барези и Паоло Малдини. 

Доминацијата на миланските клубови во овој состав ја прекинуваат Диего Марадона, Зинедин Зидан и Пол Гаскојн како играчи од средниот ред, а зад двајцата играчи се пласира Роберто Баџо.

На врвот на нападот се Бразилецот, Роналдо и Габриел Батистута, а не треба да се спомене дека многу големи имиња се изоставени од овој тим бидејќи има место за само 11 играчи. Така и Фабио Канаваро, еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња и добитник на Златната топка, отсутен од оваа листа, иако играше и во 90-тите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!