Вие имате прво да ја знаете вистината

Беше “агент” на ЦИА, се мажеше три пати, а умре во голема осаменост: Соседите ја нашле во фотелјата

Легендарната Лола Новаковиќ беше една од најголемите ѕвезди на овие простори кои одбележаа една музичка ера, а почина на 3 април 2016 година.

Родена е во Белград, на 25 април 1935 година, а кариерата ја започнала на 22 години кога била примена како постојан вокален солист во Радио Белград.

Во текот на шеесетите и седумдесеттите, таа стекна огромна популарност, следеа хитови, турнеи, награди и фестивали, а билетите за нејзините концерти исчезнуваа од билетарите за само неколку часа.

Во 1962 година ја претставувала Југославија на Евровизија, а го освоила 4-то место.

Како и нејзината кариера, така и приватниот живот на Лола Новаковиќ беше многу интересен и турбулентен. Таа се омажи три пати. Нејзиниот прв сопруг бил професорот по физичко образование Боро Крагујевиќ, а нивниот брак траел неполни две години.

Во 1966 година се омажила за Мило Јовановиќ, претставник на авиокомпанијата Панамерикен, со кого поминала 4 години, но и таа љубов не била успешна и завршила со развод. Третиот брак беше полн со контроверзии.

Таа влезе во третиот брак со естрадниот уметник Драган Антиќ, а почетокот на нивната љубовна приказна беше проследен со бројни шпекулации. По фестивалот Белградска пролет во 1971 година, на кој настапија заедно, жолтиот печат беше преплавен со приказната за нивната романса. Бидејќи Драган беше помлад од Лола повеќе од една деценија, тие првично ја криеја врската.

За време на бракот со Драган, Лола често беше мета на таблоидите. Се пишуваше дека е во руски затвор, па дури беше прогласена за таен агент на ЦИА. По разводот со Драган во 2000 година, таа реши да се повлече од естрадата и од јавниот живот. Таа повремено се појавуваше на одредени концерти, но беше постојан член на театарот „Теразије“.

Иако беше голема ѕвезда, сите што ја познаваа ја опишаа како скромна жена, која никогаш не зборуваше лошо за своите колешки. Беше исклучително ценета и почитувана, а на нејзиниот талент се восхитуваше цела Југославија.

Лола Новаковиќ последните години од животот ги помина во самотија, па токму така и почина. Во нејзината куќа во белградската населба Церак, соседите пред пет години ја нашле како спие во фотелјата. Нејзината желба била погребот да не биде јавен и посмртните останки да не бидат положени во Алејата на великаните, а кремирана е на 6 април 2016 година на Новите гробишта во Белград.

На денот на погребот, куќата на Лола била ограбена и украдени се многу вредни предмети кои биле во неа. Само три месеци подоцна оваа вест стигна во јавноста, на инсистирање на нејзината долгогодишна пријателка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!