Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс изјави за короната, во летото 2022 година ќе дојде до голем пресврт

Американскиот милијардер тврди дека до средината на следната година ковид 19 ќе предизвикува помалку смртни случаи од обичниот грип.

Благодарение на природниот имунитет, имунитетот стекната со вакцината против корона вирусот и благодарение на новите терапии, смртната стапка би требало драстично да падне, рече Гејтс за Блумберг и истакна дека во летото во 2022 би требало да дојде до пресврт.

Имено, тој смета дека прашањето за снабдување на вакцини ќе биде решено до средината на следната година. Исто така, фармацевската компанија Мерк и Фајзер развија таблета против коронавирусот, па така тој смета дека овие случувања ќе овозможат болните од вирусот да добијата навремена терапија откако ќе им биде откриен вирусот.

Така што, благодарение на природниот имунитет, имунитетот предизвикан од вакцините и тие апчиња, можеме да го зголемиме бројот на антителата на начин на кој што досега не можевме, а стапката на смртност до летото следата година ќе падне стапката на смртност од сезонскиот грип. Во тој момент би требало економската активност би требало да се врати во полн капацитет- смета Гејтс.

Според последните податоци, повеќе од 5,1 милион луѓе починаа од вирусот а 258 милиони беа заразени

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!