Вие имате прво да ја знаете вистината

Ботовите во паника, Инстаграм воведува ново правило кое треба да го спречи создавањето и користењето ЛАЖНИ СМЕТКИ

Инстаграм бара некои корисници да дадат видео од нивното лице, како доказ за верификација.

Според различни извори и објави на Твитер, Инстаграм бара одредени корисници да покажат селфи видео на кое се прикажува лицето на корисникот од различни агли, за да се потврди дека тоа е вистинската личност.

Социјалната мрежа долго време се бори со појавата на бот-сметки, кои оставаат спам пораки, вознемируваат луѓе или вештачки лајкуваат и следат сметки.

Инстаграм започна со тестирање на споменатата опција за верификација минатата година, но наиде на различни технички проблеми. Сега, голем број корисници потврдија дека од нив се бара да обезбедат видео селфи за да ја потврдат својата постоечка сметка, пишува Bankar.me.

За некои, овој потег е изненадувачки со оглед на тоа што Мета (која е сопственик на Инстаграм) неодамна објави дека ќе ја исклучи опцијата за препознавање преку цртите на лицето. Подоцна беше појаснето дека се гаси само одредена функција за Facebook, а не комплетниот систем за препознавање лице.

Не е познато кога споменатата функција ќе ја напушти фазата на тестирање и дали ќе стане достапна за сите корисници на Инстаграм.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!