Вие имате прво да ја знаете вистината

Хамилтон најбрз во квалификациите, утре почнува од пол-позицијата

Британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон заврши прв во квалификациите, па утре ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Катар. 

Возачот на Мерцедес на тренингот заврши зад својот тимски колега Валтери Ботас, а пред него заврши и неговиот најголем ривал Макс Верстапен.

Сепак, Хамилтон сега го надополни сето тоа, и ќе стартува од пол-позицијата во трката за ГП во Катар. Потсетуваме дека во генералниот пласман заостанува 14 бода зад Ферстапен (332,5 – 318,5).

Второто место на квалификациската трка денеска му припадна на Ферстапен, а трет беше Ботас кој заврши пред Пјер Гасли и Фернандо Алонсо, а во првите десет се најдоа Карлос Саинц, Јуки Кунода, Естебан Окон и Себастијан Фетел.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!