Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос на автопатот во Сан Диего, долари летаа на сите страни, возачите застанаа и се “тепаа” да ги фатат (видео)

Американската полиција уапси неколку лица откако вреќи со пари испаднаа од оклопен камион на автопат во областа Сан Диего во сојузната држава Калифорнија, што предизвика хаос бидејќи возачите застанаа да ги земат банкноти.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како банкноти летаат по патот додека луѓето се обидуваат да ги подигнат.

Полицијата соопшти дека возачите излегле од возилото и го блокирале сообраќајот, а неколку лица се уапсени. Полицијата ги замолила сите кои ги добиле банкнотите да ги вратат.

Поради не позната причина торбите испаднаа од камионот, а парите се расфрлаа на патот – изјави службеникот на сообраќајната полиција Џим Бетанкур со предупредување дека секој што ги земал парите ќе се соочи со кривична пријава. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!