Вие имате прво да ја знаете вистината

Изложба која ја РАЗБЕСНИ кинеската власт: контроверзниот уметник стави сол на политичката рана на Пекинг со својот Вини Пу

Во бурата на протести пред кинеската амбасада, славниот кинески уметник и активист, Бадиукао, ја подготвува својата изложба чие отворање ќе биде во сабота. Овој потег ја разбесни кинеската власт бидејќи уметникот е познат по својот бунтовен политички активизам.

Една од сликите која посетителите ќе може да ја видат, а која е најверојатно една од најшокантните од колекцијата е таа на која се наоѓа претседателот со оружје во рака а пред него е безживотното тело на обожаваното мече од цртани филмови- Вини Пу.

Покрај ова дело, кое е цензурирано на кинеските социјални мрежи, прикакажано е изкажување на почит кон вуханскиот доушник Ли Венлиенг и осликување на група полицајци кои трчаат по протестанти, како и лажни постери за претстоечката зимска Олимпијада на кои се прикажува човек на сноуборд како поминува преку камера за набљудување (CCTV) и стрелец кој ја има вперено својата пушка во ујгурски затвореник со превез на очите.

https://www.instagram.com/p/CU2dRgEFVzl/?utm_source=ig_embed&ig_rid=2f737041-d206-44ed-9aed-c10d60bddf03

И покрај негодувањето на кинеските дипломати кои истакнаа дека бадиукаовите дела се полни со анти-кинески лаги, дека ги изобличуваат фактите, шират лажни информации, ги наведуваат Италијаците кон погрешни заклучоци и сериозно ги повредуваат чувствата на кинеските граѓани, уметникот сепак одлучи да го продолжи процесот на промовирање на својата уметност.

https://www.instagram.com/p/CWOjcomN8Du/?utm_source=ig_embed&ig_rid=06bcf234-c401-4a6b-9c58-a950e0d10e4c

Изложбата е подржана и од страната на музејот при што претседателката на Организацијата на музејот во Бреша, Франческа Базоли изјави дека отварањето на изложбата е прашање на уметничко изразување.

Бадиукао објасни дека целата ситуација за него не е новост или изненадување, со оглед на тоа дека од 2009 година тој живее во самонаметнато прогонство во Австралија.

Скоро е невозможно да не ја навредите кинеската власт овие денови. Било што може да биде осетливо и проблематично, кажа Бадиукао за Си Ен Ен.

Бадиукао истакна дека константно трпи насилство, а повремено добива и закани на интернет, каде редовно објавува лавина од контроверзни илустрации на својот Твитер и Инстаграм.

Тоа е како бојно поле и претставува начин на употреба на визуелен јазик и интернетски мимови за уништување на управата за цензура, кажа Бадиукао. Смета дека со отворање на оваа изложба (за него прва меѓународна сомстојна изложба) и покрај политичките и комерцијални притисоци, го претвора музејот во Бреша во пример за светот

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!