Вие имате прво да ја знаете вистината

Конечната одлука е донесена, Новак Ѓоковиќ доби ултиматум: Доколку сака да игра во Австралија, знае што треба да направи!

Сите тенисери и тенисерки мора да бидат вакцинирани доколку сакаат да настапуваат во јануари на Австралија Опен, ова го потврди денеска (сабота) директорот на турнирот Крег Тајли. Се мисли дека ова е дополнителен притисок врз првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, рекордер со освоени девет титули на првиот Грен слем турнир во сезоната. Имено, Ѓоковиќ не сака да открие дали е вакциниран, а во последните изјави кога зборуваше за тоа изјави дека нема да каже ништо, бидејќи секогаш неговиот одговор е доведен во негативен контекст.

Мелбурн и жителите на градот, помина повеќе од 260 дена во карантин, а властите на оваа сојузна држава пред еден месец соопштија дека нема да има пропусти за играчите кои не биле вакцинирани. Тајли изјави дека сите заинтересирани страни биле информирани.

Има многу шпекулации за вакцинација и да бидеме појасни, кога премиерот на државата Викторија кажа дека сите во Мелбурн мора да се вакцинираат, ние ги известивме тенисерите за тоа – изјави Тајли. и додаде дека тоа не важи само за нив, туку дека мора сите да се вакцинираат што ќе бидат вклучени во некоја работа во тенискиот центар.

Новак Ѓоковиќ треба да тргне по својата рекордна 21. Грен слем титула на Австралија Опен, што би го одвоила од Роџер Федерер (нема да игра, се уште е во рана фаза на рехабилитација од третата операција на десното колено) и Рафаел Надал (кој само еднаш го освои овој турнир).

Новак изјави дека вакцинацијата ја гледа како приватна работа, изјави Тајли, и додаде многу би сакале да го видиме Новак во Мелбурн и тој знае што да прави ако сака да игра овде.

Ѓоковиќ пред турнирот во Париз изјави дека не сака да зборува на таа тема додека не се официјализира се за условите за доаѓање во Австралија. Годинава сите мораа да поминат две недели во карантин, бројот на гледачи беше ограничен, а во еден момент беше прогласен и петдневен карантин, па немаше публика. Неодамна беше кажано дека Австралија Опен во јануари ќе биде целосно отворен за гледачи бидејќи Викторија се приближува до бројката од 90 отсто вакцинирани.

WTA турнејата испрати е-пошта до своите играчи во која се наведува дека првата доза на Фајзер мора да ја добијат до 21 ноември доколку сакаат да влезат во Австралија до 27 декември. Една доза Џонсон и Џонсон може да се земе најдоцна до 12 декември.

Тајли откри и дека Серена Вилијамс и Наоми Осака ќе играат во Мелбурн. И двете одамна ги немаше на WTA турнејата, Серена од Вимблдон кога во 1.коло и го предаде мечот на Алиаксандра Саснович, додека Осака ја заврши сезоната со елиминација во 3. коло на УС Опен од Лејла Фернандез. Вилијамс (која падна на 41. место на ВТА) се уште верува дека може да ја престигне рекордерката Маргарет Корт со 24 Грен слем титули, а Осака е двократен бранител на титулата во Мелбурн. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!