Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралицата Елизабета ја поминаува првата годишнина без нејзиниот сопруг Филип

Кралицата Елизабета Втора, го загуби својот сопруг пред седум месеци, а денес таа ја одбележува првата годишнина од бракот без нејзиниот сакан принц Филип. Војводата од Единбург почина на 9 април на 100-годишна возраст, а заедно се повеќе од 70 години. Поточно, да живееше уште малку Филип, парот денеска заедно ќе ја прославеше нивната неверојатна 74-годишнина од бракот.

Свадбата на тогашната принцеза Елизабета и Филип Маунтбатен се одржа на 20 ноември 1947 година во Вестминстерската опатија во Лондон. Таа беше најстарата ќерка на кралот Џорџ Шести и наследничка на британскиот трон, а тој беше поранешен грчки и дански принц. Покрај тоа што мораше да се збогува со своите титули, Филип доби британско државјанство и го зеде презимето на мајка му Маунтбатен. Но, за „доживотна можност“ мораше да се откаже од уште една „ситница“ а тоа е својата православна вера.

Принцот Филип и кралицата Елизабета се поврзани, од третата генерација. Ништо необично за блиските монархии од тие години, а една од најдолговечните парови на сите времиња била поврзаноста преку данската лоза, односно кралот Кристијан IX.

Нивниот брак беше на разнишани нозе уште од самиот почеток, а наводната афера на Филип во неколку наврати речиси и стави крај. Сепак, прагматичната Елизабета секогаш ги влечеше сите конци и знаеше како да ги зачува нивните односи и монархијата.

„Војвода особенјак“, како што го нарекуваа Филип, 73 години и беше јавна и приватна поддршка. Двојката имаше четири деца: принцот Чарлс, принцезата Ана и принцовите Ендру и Едвард.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!