Вие имате прво да ја знаете вистината

Марс со огромно изненадување за потрошувачите, нови еколошки чоколатца и слатки тајни

Создавачот на чоколадите Марс објавил дека планира да го направи својот производ јаглеродно неутрален до 2023.

Во изјавата дадена на 3 ноември, Марс Инкорпорејтед соопшти дека е потребно да се преземе сериозна акција за да се подобри здравјето и одржливоста на нашата планета.

Затоа сме горди да објавиме дека сите производи на Марс што ќе се продаваат во Британија, Ирска и Канада ќе бидат сертифицирани како јаглеродно неутрални до 2023, стоеше во изјавата.

Брендот проценува дека 220 милиони производи на Марс годишно ќе бидат создавани според овој нов модел.

Овој потег е обид да се исполни зацртаната цел на компанијата за постигнување на нула емисија на стакленички гасови до 2050.

Според моменталните проценки, компанијата тврди дека го има намалено своето емитување на јаглеродни емисии за 67 проценти од 2015.

Јаглеродните емисии го претставуваат количеството на јаглероден диоксид што одредена организација го емитува како резултат на своите активности.

Ова го вклучува секој дел од производствениот процес од снабдувањето со суровини, до пакувањето и транспортирањето на добрата до продавниците.

Во Канада, Марс чоколатцата се произведуваат во фабрика која воопшто не испраќа отпад во депонии. Таа има инсталирано и систем за заштеда на енергија што ја рескладира топлината што се емитира при операциите на компанијата и ја користи за топлење на зградата.

Брендот исто така ќе се потруди да ги намали емисиите што ги создава со користењето на агрикултурни синџири за снабдување. Ова ќе го постигнат преку решавање на проблемот на обешумување, како и промена на начинот за снабдување со суровини.

Дополнително, до крајот на 2022, 100 проценти од нивните снабдувачи со млечни производи во Британија ќе имаат имплементирано програма за намалување на емитувањето на стакленички гасови од нивните фарми- вели компанијата.

Ние знаеме дека мораме да продолжиме да правиме ефективни интервенции за подобрување на климата. И знаеме дека за да се создаде утре свет во кој планетата е здрава, ние мора да продоложиме да спроведуваме засилени мерки, додаде. тој

Оваа вест беше објавена околу времето на одржувањето на долгоочекуваната конференција Коп26(Cop26) во Глазгов каде се дискутираа начини за справувања со климатската криза од страна светските лидери.

Организаторите на тој настан беа критикувани на социјалните мрежи за нивното мени на кое повеќето јадења беа направени од месо, млечни производи и риба.

Мениата го прикажуваа емитувањето на јаглероден диоксид на секое од јадењата. Па така, во нив пишувало дека јадењата со месо како на пример бургерите или хагисот, создаваат 3 килограми повеќе јаглероден диоксид, за разлика од некои вегански јадења како органскиот кејл или тестенините со сезонски зеленчук.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!