Вие имате прво да ја знаете вистината

На Европа оваа зима и се заканува најлошото сценарио поради Ковид-19!

Авторите на студијата предупредуваат дека ова сценарио може да ја погоди цела Европа, доколку владите на земјите ги омекнат сегашните мерки и дозволат се да се врати во состојба како пред пандемијата.

Една неодамнешна студија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина покажа дека Европа може да се соочи со 300.000 смртни случаи и милион хоспитализирани од ефектите на коронавирусот оваа зима, доколку државите не преземат итна акција.

Шерил Чанд, истражувач на заразни болести од Универзитетот во Сиднеј, изјави дека овие бројки се шокантни и дека можат да се остварат, но дека без разлика на се, луѓето мора да бидат свесни дека пандемијата на корона ирусот сè уште не е завршена.

Истражувачите собраа податоци за смртните случаи од коронавирус на различни возрасни групи во 19 европски земји и ги споредија со бројот на заразени луѓе во секоја од овие земји.

Овие податоци, заедно со процентот на населението вакцинирани, се користи со цел да се пресмета процентот на луѓе кои не се стекнале имунитет против коронавирус, поради тоа што биле невакцинирани пренесува The Sun.

Авторите предупредуваат дека ова е  најлошото сценарио што би можело да ја снајде Европа, кое би можело да се оствари доколку владите на државите ги омекнат сегашните мерки и дозволат сè да се врати на состојбата како пред пандемијата.

Најголем товар ќе го сносат земјите со ниски стапки на вакцинација

Предупредуваат дека токму земјите со ниска стапка на вакцинација би можеле да го понесат најголемиот товар од новиот бран на пандемијата, а особено се загрозени постарите лица кои имаат некои хронични заболувања. 

На пример,  осум од 1.000 луѓе во Романија, каде што стапката на вакцинација е многу ниска, би можеле да завршат во болница, додека тој процент во Британија, која има поголем процент на вакцинирани, е еден од 1.000 случаи.

Околу  280.000 луѓе во Германија би можеле да завршат на одделот за интензивна нега, додека во  Данска тој број би бил неспоредливо помал – 6.300 луѓе , се вели во студијата.

Недостаток на студијата е што не го земала предвид појавувањето на нова, посмртоносна варијанта на коронавирусот  или евентуалниот пад на имунитетот кај граѓаните.

Минатата недела повеќе од половина од вкупно потврдените случаи на Ковид-19 се регистрирани во Европа , а слична е состојбата и со бројот на починати.

Во меѓувреме, Австрија воведе карантин за невакцинираните, најавено е дека задолжителната вакцинација ќе биде воведена од 1ви февруари следната година, а Ангела Меркел и другите светски лидери апелираат до граѓаните што поскоро да се вакцинираат.

Вчера и Грција воведе нови мерки за невакцинираните на кои им е забранет влез во која било затворена просторија, откако повторно се зголеми бројот на новозаразени.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на пандемијата во ЕУ се регистрирани 21,2 милиони случаи на инфекција, а во истиот период починале повеќе од 275.000 луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!