Вие имате прво да ја знаете вистината

Некогаш беше еден од омилените играчи на навивачите на Реал Мадрид, а денеска е сосема спротивното, навивачите му приредија не пријатно изненадување (видео)

Некогаш тој беше помеѓу најомилените играчи на Реал Мадрид, а денес се е сосема спротивното. Герет Бејл минатата сезона беше на позајмица во Тотенхем, а потоа се врати на Бернабеу, но играчот на репрезентавијата за Велс, е повеќе исклучен оваа сезона отколку на теренот, поточно нема ниту еден настап во последните три месеци.

Од друга страна, во репрезентацијата на Велс која освои дополнителни квалификации за Светското првенство игра редовно. Токму затоа го предизвика гневот на навивачите на Реал кои го пречекаа по еден тренинг и го почестија со море од навреди.

Бејл веќе подолго време е на мета на навивачите на кралскиот клуб, па така беше и овој пат. Треба да се напомене и дека договорот на Бејл со Реал истекува на крајот на сезоната, а дотогаш Реал ќе треба да му плати уште 15 милиони евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!