Вие имате прво да ја знаете вистината

Подгответе се за инвазија на вируси од вселената: Научниците издадоа драматично предупредување, светот е во опасност

Пандемијата со корона вирусот предизвика загриженост кај научниците за епидемиолошката безбедност, а некои дури и изнесоа теории за вонземското потекло на вирусот што нè погоди.

Постојаниот развој во истражувањето на вселената и вклучувањето на нови, приватни компании во тоа истражување, претставува ризик за Земјата од инвазијата на вонземјани, но не како што очекуваме, предупредуваат научниците. Тие наведуваат дека заканата е всушност инвазија на непознати вируси и бактерии од вселената.

Научниците одамна знаат дека одредени микроорганизми, како што се полиовируси или бактериофаги, можат да го преживеат вакуумот во вселената и космичкото јонизирачко зрачење.

Затоа научниците во новата студија, објавена во научното списание „Bioscience“, предупредуваат на опасноста од вселенските микобактерии и вируси.

Опасноста не ни се заканува само од вонземски вируси, туку и небесните тела до кои луѓето допираат од вирусите од Земјата, предупредуваат научниците, а опасноста е поголема отколку што се мислеше.

Речиси е невозможно да се истражуваат нови планети без трансфер на микроби, се наведува во научниот труд.

Научниците објаснуваат дека некои организми имаат развиена толеранција за условите во вселената, а некои дури можат да растат и еволуираат во одредени вселенски услови, како што е микрогравитацијата.

Тие се осврнаа и на нашиот најблизок планетарен сосед Марс, кој е предмет на зголемен интерес на вселенските истражувачи.

Новите докази сугерираат дека одредени региони под површината на почвата на Марс може да поддржат висока густина на микробни клетки. Оние региони на Марс, но и на други планети и небесни тела, кои се сметаат за потенцијално погодни за живеење, веројатно ќе бидат цел на мисиите во потрага по вонземски живот, со што ќе се зголеми ризикот од контаминација во два правци, се наведува во студијата.

Научниците ја повикуваат меѓународната заедница да развие системи за препознавање на ваквите закани и можните последици, пишува Sputnik mundo.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!