Вие имате прво да ја знаете вистината

Позната изрека од Сопранови беше инспирирана од вознемирувачки повик што го добил актерот Џејмс Гандолфини

Ѕвездата на Сопранови, починатиот актер Џејмс Гандолфини добил анонимен повик додека работел на серијата, а тоа искуство на крајот било вклучено во самата серија.

Во новата книга со наслов: Утрово се разбудив (Woke Up This Morning) чиј автор е колегата Мајкл Империоли и Стивен Скирипа (кои ги играа улогите Кристофер Молтисанти и Боби Бакалиери), тие се потсетуваат на еден инцидент што го вознемирил Гандолфини, но потоа станал момент за паметење во историјата на серијата.

Според Империоли, ова е приказната: Гандолфини доби мобилен повик среде ноќ од непознат број. Тој одговори на повикот кажувајќи Ало, и човекот на другата страна му одговара со Ало, и потоа настанува тишина.

Човекот не кажува кој е. Конечно, човекот вели: Слушај, ти си добар актер, и ни се допаѓа тоа што го правиш, ама мора едно нешто да знаеш, Доновите никогаш не носат шорцеви-и клик, човекот спуштил.

Кој и да бил тој што му се јавил Гандолфини, бил импресиониран од талентот на актерот ама не бил убеден дека неговиот лик Тони Сопрано, мафијашки бос од Њу Џерси, би требало да оди наоколу во својот дом во шорцеви, што баш беше дел од општата презентација на ликот на Тони-имено дека тој е поинаков тип на мафијашки бос.

Продолжувајќи со приказната, Империоли тврди дека и покрај тоа што Гандолфини било малку потресен од тоа што се случило, им кажал на сценаристите на серијата за случката и замерката за шорцевите завршила во самото сценарио.

Во првата епизода од четвртата сезона, насловена-За сите долгови јавни и приватни, долгогодишниот шеф на криминалната фамилија Лупертаци, Кармајн Лупертаци, му кажува на Тони дека неговиот подреден Џони Сак отишол на скара дома кај Тони и нашол само едно нешто вредно за замерка. Донот не носи шорцеви, му вели Кармајн на Тони.

Серијата Сопранови доживеа вистинска ренесанса во последниве години бидејќи многумина млади ја имаат откриено оваа серија за време на ковид карантините. Шоуто исто така доби и филм наречен Многуте светци од Њуарк што зборува за настани пред случувањата во серијата. Филмот беше објавен во септември, а неговиот автор Дејвид Чејс се зборува дека можеби ќе направи нова серија во истиот формат како Сопранови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!