Вие имате прво да ја знаете вистината

Провокативна кратка приказна повторно откриена после 30 години, како се одмаздуваат жените

По 30 години, повторно е откриена кратка приказна напишана во раните авторски денови на Иан Мек Еван со провокативна содржина.

Без наслов(Untitled) била испечатена во американскиот весник Три-Квартерли (Tri-Quarterly) во 1976 година, неколку месеци после објавувањето на првата колекција на кратки приказни од МекЕван: Прва Љубов, последни обреди. Оттогаш, била заборавена се додека Себастијан Гроес, предавач на модерна англиска литература на Роехамптон универзитет, не ја пронајде во архивите пред 18 месеци. Сега се појавува во книжевна форма за прв пат во новата едиција на Иjан МекЕван, со наслов-Современи критички перспективи, објавена од Блумсбери.

Гротексната двострана приказна зборува за жена која бара од својот доктор да изврши одмазда за промискуитетот на сопругот со тоа што ќе му го отстрани неговиот мочен меур, јазик, гениталии и тетивите во неговите рачни зглобови со што тој ефективно ќе биде доведен во инфантна состојба.

Жените… сакаат да им требаат на сопрузите… тие да зависат од нив, објаснува докторот во приказната додавајќи: Препорачувам зафат на мочниот меур.

Гроес гледа на приказната како студија на МекЕвановата приказна од 1978 наречена Порнографија, додека ликот на уморниот мастурбирачки доктор  е верзија на херојот Хенри Пероун од делото Сабота.

Приказната е многу кратка и многу експериментална, ама е интегрален дел на неговиот авторски опус. Покажува колку е доследно авторството на МекЕван. Тој има пишувано 30 години за истите теми- вели Гроес кој исто така открил и подолга приказна долга 20 страни наречена Крстосница која исто така планира да ја објави.

Тој беше многу среќен дека повторно ќе биде направен достапен за јавноста. Ваквите приказни се причината зошто тој го доби прекарот Ијан Макабре во неговите почетоци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!