Вие имате прво да ја знаете вистината

Славниот водител призна дека се плаши за своето здравје: Да, секој ден мислам на смртта

Џереми Кларксон , познатиот британски водител првенствено за шоуто Top Gear, а потоа и The Grand Tour што сега го работи, откри колку се плаши од смртта откако наполни 61 година. Во интервју за Гардијан тој си ја отвори душата зборувајќи за она за што опсесивно размислува од април годинава кога го прослави роденденот.

Размислувам за смртта секој ден, а тоа беше поттикнато од фактот што татко ми имаше 61 година кога умре, рече Кларксон, додавајќи дека се плаши што ќе му донесат следните години, поконкретно дека неговото здравје ќе биде послабо и послабо.

Порано мислев дека ќе ја оставам последната цигара кога ќе имав 107 години и ќе умрам. Сепак, престанав да пушам пред четири години. Кога татко ми почина на 61 година, мислев дека не е толку лошо да стигнам до таа година. Сега кога имам 61 година да умрам би бил многу лут, не сум ни блиску до крајот и можам уште многу да постигнам, изјави водителот. За малку да го поправи тонот на ова прилично мрачно интервју, Кларксон вметна и шега во типичен англиски стил на црн хумор.

„Па така е, мислам на умирање секој ден. Еве го насловот за вас“.

Но, очигледно смртта на неговиот татко не била единствениот поттик за овој одраз. Кога се зарази со ковид пред нешто помалку од една година, на Божиќ, почна да се грижи за тоа што му носи животот.

„Ужасно се плашев дека ќе умрам сам во пластичен шатор“, признава тој.

Во колумна што ја напиша за The Sun, тој вели дека колената навистина не му помагаат многу кога се симнува по скали, нема проблем со грбот ако се обиде да се искачи на рид, но дека белите дробови му горат ако само гледа во велосипедот. И тој во никој случај не е задоволен од својот изглед, всушност е разочаран од него.

Работите нема да се подобрат, бидејќи наскоро ќе пристигне некое чворче или ќе морам да направам операција на колкот поради ‘рскавицата што ќе ме принуди да поминувам време на столот за лулање и да се обидам да прочитам интересна статија во Reader’s Digest, ироничен е Кларксон.

Тажен сум што мислам дека можеби ова е последен пат кога скокнав од бродот или ја истрчав последната трка. И можеби никогаш повеќе нема да ја видам зората, освен ако не морам рано да станам поради некое досадно тетеравење до тоалетот, заклучи водителот кој своите суморни размислувања и понатаму ги зачинува со фина доза на хумор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!