Вие имате прво да ја знаете вистината

Вакцинација во бордел, до пунктот ве води провокативна докторка! (видео)

Во Виена, за да се поттикне што поголема вакцинација на населението, постојано се работи на проширување на мрежата на пунктови за вакцинација против Ковид-19, а сега во неа е вклучен и бордел.

Борделот „Фанпаласт“ го најави започнувањето на кампањата „Вакцина за бордел“.

Од 1ви ноември во познатиот виенски бордел сите заинтересирани ќе можат да се вакцинираат против коронавирусот. Ова е дефинитивно најатрактивната варијанта на вакцинација. Како што е обичај во бордел, секој може да дојде без закажување, и да ја земе вакцината – изјави менаџерот на борделот Питер Ласкарис.

За да ја добијат втората доза „Фанпаласт“ на луѓето кои ќе одлучат да ја примат во тој бордел им доделува бесплатен влез.

Ласкарис вели дека гостите во борделот, кои се во брак или во врска, сега можат да кажат на својата партнерка, драга, денеска бев вакциниран во бордел, а тие да не им се налутат.

Провокативно облечени но епак обучени лекари ве водат до местото на вакцинација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!