Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Австрија најавени демонстрации против новите ограничувања поставени од владата за Ковид-19

По најавата за ново целосно затворање и задолжителна вакцинација против коронавирус во Австрија , во сабота се очекуваат протестни собири.

Во Виена се очекува собир на неколку илјади критичари на новите строги мерки против коронавирусот.

Екстремно десничарската Партија на слободата (FPOe) повика на демонстрации. Нејзиниот партиски лидер Херберт Кикл, кој и самиот моментално боледува од Ковид-19, ја гледа Австрија на пат кон „диктатура“.

Според полицијата, треба да бидат распоредени 1.300 полицајци, кои меѓу другото ќе ја и следат обврската за носење на маска.

Во Австрија од понеделникот на сила е карантин, кој најдоцна до 13 декември треба да биде готов за вакцинирани и оздравени лица.

За невакцинираните, ограничувањата за движење ќе важат по тој датум.

Дополнително, Владата најави задолжителна вакцинација од февруари 2022 година

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!