Вие имате прво да ја знаете вистината

Зошто сонуваме дека паѓаме и што тоа значи?

Психолозите сметаат дека паѓањето во сон може да се поврзе со чувството на изневереност.

Воглавно, соновите, а и кошмарите се поврзани со некое помалку или повеќе трауматично искуство од реалниот живот и заради тоа многу работи одново ги доживуваме кога сонуваме.

Некои јасно ни се одигруваат пред очи, а други преку симболики, објаснуваат психолозите. Тие исто така сметаат дека предизвикувачот на таквите сонови се крие во потиснатите стравови на сонувачот и сличните трауматски искуства.

БАРЕМ ЕДНАШ СИГУРНО ВИ СЕ СЛУЧИЛО ДА СЕ РАЗБУДИТЕ ОД СОН БИДЕЈЌИ СТЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ КАКО ДА ПАЃАТЕ, А ПОСЛЕ ТОА СРЦЕТО ПОЧНАЛО БРЗО ДА ВИ ЧУКА

Психолозите дошле до заклучок дека сонот во кој паѓаме треба д аго поврземе со ситуации во кои сме се чувствувале изневерено и без доволно поддршка

Таквиот сон може да се јави и кога сме општо разочарани од животот, кога ќе заврши некоја емотивна врска или кога ќе не напушти пријател што не сме очекувале тоа да го направи.

Во повеќето случаеви, психолозите сметаат дека таквиот сон е повик од сопствената подсвест да се соочиме со своите емоции и овозможување да се преболи доживувањето на напуштеност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!