Вие имате прво да ја знаете вистината

Брисел: Неколку десетици илјади луѓе протестираат против новите епидемиолошки мерки за заштита од Ковид-19

Неколку десетици илјади луѓе се собраа во центарот на Брисел за да демонстрираат против построгите мерки наметнати од властите со цел за да се спречи ширењето на инфекцијата со Ковид-19.

Многумина на демонстрациите, на кои полицијата проценува дека собраа околу 35.000 луѓе, протестираа против советите да се вакцинираат и против секој чекор за воспоставување на задолжителна вакцинација.

Насобраните, помеѓу другото, извикуваа пароли – Слобода, слобода, слобода, доста слично и многу агресивно.

Полицијата интервенираше на протестите, а многумина од демострантите не носеа маски и не ја почитуваа мерката за социјална дистанца. Земјата целосно вакцинираше 75 отсто од населението, а стапката на целосно вакцинирани во Брисел е 56 отсто.

Во изминативе неколку дена во многу земји беа организирани протести откако владите донесоа одлуки за засилени мерки. Холандската полиција уапси повеќе од 30 лица за време на протестите во Хаг и други градови во саботата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!